Сè за ВАКЦИНАТА „ЏОНСОН И ЏОНСОН“: Кои се сличностите со AстраЗенека и колку пати треба да се прими?

од Nikola Popovski

Вакцината против коронавирус од американската компанија „Џонсон и Џонсон“ покажала добри резултати на тестовите и би можела да ја смени имунизацијата на глобално ниво, бидејќи е потребно да се даде само една доза, пишува „Гардијан“.

Вакцината, произведена од филијалата на американскиот гигант „Џенсен“, со седиште во Холандија, е тестирана во Велика Британија. Владата таму купи триесет милиони, додека ЕУ нарача 400.000.000 дози.

Компанијата тврди дека вакцината покажала 72 процентна ефикасност во превенцијата на Ковид-19 во САД, но помала стапка од 66 проценти е забележана во големото истражување спроведено на три континенти и против неколку видови на вирусот.

Резултатите неодамна објавени во раните испитувања покажаа дека вакцината предизвикува добар имунолошки одговор.

Само една доза предизвикала титар на неутрализирачки антитела во 96 проценти од случаите и одговор на Т-клетките кај најмалку 80 проценти од волонтерите, пренесува Гардијан.

Некои студии испитуваат дали втората доза ќе донесе дополнителна корист.

Џенсен начелно се согласи да достави до 500 милиони дози на програмата Ковакс, иницијатива на Обединетите нации за набавка на вакцини за земји со пониски и пониски лични приходи.

Ова е втора најголема нарачка за Ковакс-програмата по вакцината на АстраЗенека.

Сличности и разлики со вакцината на АстраЗенека

Таа се заснова на вакцината Џонсон и Џонсон употребена против ебола. Слична е на вакцината од Оксфорд (Астра-Зенека), но протеинот од коронавирусот се доставува преку обична настинка наместо аденовирус кај шимпанзата.

Администрацијата за храна и лекови во САД и Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи во Велика Британија веќе ги разгледаа првите податоци и се очекува наскоро да донесат одлука за итно одобрување на вакцината, посочува Гардијан.

Европската агенција за лекови се очекува да ја одобри оксфордската вакцина во петок. Вакцината на компанијата Новавакс ги објави резултатите од последните фази на испитувањето во четвртокот, а исто така треба да влезе во постапката за регистрација.

Слични содржини