– Зоран Заев и неговите следбеници залудно ќе чекаат трговија, нема трговија!. Свесни сме за нашите грешки и знаеме како да ги исправиме, одговорно и слушајќи го народот и неговато воља но нема да има простор за заташкување на скандалот кој самите го конструираа. Одговорноста, со сите затезни камати, за дестабилизирањето на земјата, за омаложувањето на гласачката воља, ќе ја сносат сите оние кои учествувале во потфатот на рушење и дестабилизација на државата – порача денеска на партискиот собир во спортската сала „Младост“ во Битола, премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Веројатно тоа е целта, но сега многумина се прашуваат дали притоа Груевски мислеше и на хонорарците, студентите, средношколците, професорите, стечајците, новинарите, медиумите, земјоделците, хонорарците – сите што излегуваа на протести и ги критикуваа владините политики? ДАли сите тие ќе ги апси како предавници на државата само затоа што не мислат како него, и воопшто не се согласуваат со неговите и политиките на ВМРО ДПМНЕ?
