Терористичката закана во Франција е крајно висока, а природата на ризиците е променета фундаментално. Таква оценка даде во етерот на француската телевизија Тие Еф-1 францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнов, цитиран од агенциите.
Според зборовите на Казнов тероризмот “од новата генерација”, со кој се се сретнале француските власти е опасен поради својата незабележливост во секојдневниот живот.
“Веќе немаме работа со терористички групи, кои се дојдени од надвор и се вратиле назад”, рече тој. “Пред нас е тероризам со слободен пристап. Сега многу Европејци се свртуваат кон тероризмот преку интернет и пропаганда”.
Како што истакна Казнов безбедносните служби работат на проблемот без прекин. “За неколку месеци се уапсени 300 лица, 120 се ставени во притвор, а 60 се под судска контрола”, посочи министерот.
Безбедносните агенции во САД ги разгледуваат мерките за безбедност кои планираат да ги воведат за време на празничните настани за 4 јули, Денот на независноста по терористичките акти во Франција, Кувајт и Тунис, пренесоа агенциите, повикувајќи се на изјавата на министерот за внатрешна безбедност на САД Џеј Џонсон.
“Ги повикуваме сите за спроведување на законот за внимателност и да бидат подготвени. Исто така ги корегираме мерките за безбедност, тајните и јавните, за заштита на американскиот народ”, рече тој.
Тој исто така, истакна дека неговата канцеларија и ФБИ редовно комуницираат со дирекцијата на полицијата во различните држави.
Шпанија го зголеми нивото на терористичка закана до претпоследниот највисок степен како мерка за претпазливост по нападите во Тунис, Франција и Кувајт, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандез Дијаз.
Во меѓувреме Кувајтски власти истражуваат неодреден број уапсени осомничени за самоубиствениот бомбашки напад вчера против шиитска џамија, при што загинаа 27 лица.
Кувајтски Министерство за внатрешни работи ги повика жителите на богатиот емират во Персискиот залив да ја обезбедат секоја информација која може да помогне во фаќањето на вмешаните во нападот, за кој одгворност презедоа екстремистите од “Исламска држава”.
“Органите за безбедност ќе ги пронајдат сторителите и ќе ги изведат пред лицето на правдата што е можно поскоро”, се вели во соопштението на министерството.
Полицијата започна масовни рации во неколку делови на Кувајт, во кои живеат големи заедници од работници имигранти. Уапсени биле најмалку 18 осомничени.
