СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од Македонска Каменица поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 15.07.2025 пред здравствена установа во Делчево, поради пропуштен термин, пријавениот агресивно се однесувал и упатил закани кон лекарот.