Се запали куќата на позната манекенка: Едно лице е повредено

од Симе Стоиков
299 прегледи

Се запали куќата на манекенката Кара Делевињ вредна седум милиони долари, а во пожарот едно лице е повредено.

Големиот пожар „се проширил на поткровјето, а едно лице е повредено“. Пожарникарите побрзаа да го изгаснат пламенот по повикот на 911 во 3 часот наутро.

Според извештај, Кара Делевињ избегнала потенцијално смртоносен пожар во својот дом, пишува Дејли Мејл.

Таа не била во куќата во моментот на драматичниот пожар бидејќи моментално се наоѓа во Велика Британија.

Вкупно 94 пожарникари се бореа со пожарот, кои пристигнаа со 13 различни противпожарни возила. Не е јасно што го предизвикало пожарот, но се верува дека избувнал во просторија на задниот дел од имотот.

Слични содржини