Се запали патнички траект со 271 лице во близина на Бали

од Stefanija Kuzmanovska
162 прегледи

Патнички траект со 271 лице се запали денеска во близина на индонезискиот остров Бали, а засега нема информации за жртви, додека напорите за евакуација се во тек, соопштија претставници на спасувачките служби.

Траектот „Mutiara Timur I“ превезувал 236 патници и 35 членови на екипажот кога се запалил во теснецот Бали, на околу 1,5 километар од плажата Карангасем, пренесе АП.

Десетици спасувачи, морнари и локални рибари се обидуваат да ги евакуираат луѓето на два брода на морнарицата, изјави началникот на Агенцијата за пребарување и спасување на Бали, Геде Дармада, додавајќи дека се истражува причината за пожарот.

Слични содржини