Се запали угостителски објект во центарот на Охрид

од Илинка Илиоска
28 прегледи

Попладнево во Охрид на самиот Градски плоштад избувна пожар во угостителски објект.

Пламенот избувна во оџакот на објектот, што благодарение на брзата интервенција на вработените од околните објекти беше локализиран односно беше спречено ширење на пламенот.

На лице место пристигна и екипа на Територијалната противпожарна единица, така што веќе пламенот е изгаснат и избегната е поголема материјална штета.

Нема повредени во пожарот.

Слични содржини