Израелските одбранбени сили објавија видео на кое се гледа како татко се обидува да се врати дома со новороденче, но во тој момент паѓаат ракети од исламистичката организација Хамас.
„Ставете се во местото на овој татко. Надвор сте со новороденче. Одеднаш, се наоѓате под ракетен оган “, се вели во описот на видеото.
Видеото е направено на автопат, а на него се гледа како маж цврсто го држи бебето во раце, додека го очекува следниот удар. Колку што може да се види на видеото, тие се наоѓаат на преминот меѓу патиштата, а звукот на експлозија одекнува низ небото.
„Како што ракетите експлодираат, единствената мисла ви е да го зачувате бебето на сигурно.
Израелските одбранбени сили најавија продолжување на борбата против Хамас, а денес беше погодена зградата во која се наоѓаат канцелариите на медиумите АП и Ал Џезира. Според военото соопштение, во зградата се наоѓала воена опрема на Хамас, која ги користи медиумите и цивилите „како жив штит“.
„Откако цивилите добија предупредување и време за евакуација, ИД изврши напад врз катна зграда, во која се наоѓаше воената опрема на Хамас. „Во зградата имаше канцеларии за медиуми, зад кои се крие Хамас и намерно се користи како жив штит“, се вели во соопштението на ИД.
Put yourself in this father’s shoes.
You’re driving with your newborn baby. Suddenly, you find yourself under rocket fire.
As rockets explode, your only thought is: keep your baby safe.
The IDF will continue to fight against Hamas to protect Israeli civilians. pic.twitter.com/ctBA0T0y0a
— Israel Defense Forces (@IDF) May 15, 2021