Се затвора фабриката по 127 години работа: Последното „Моцарт топче“ произведено во Австрија

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Фабриката во Гродиг кај Салцбург, производител на познатите Моцарт топчиња, се затвора по 127 години работа.

Последниот Mirabell Mozartkugel беше произведен вчера, 5 декември. Веќе денес, топката од 17,4 грама чоколадо со фил од лешник, ф’стаци и марципан влезе во историјата – барем онаа произведена во Австрија.

Како што пишува австриски Куриер, каква ќе биде понатамошната судбина на оваа австриска традиција не е познато бидејќи корпорацијата Mondelez, која ги има правата на производот, била „скржава“ со информации.

Во оваа фабрика работеа 160 луѓе, а останаа уште 40 кои ќе работат до 31 март.

Фабриката ги произведуваше следните производи: Mozartkugel, Mozarttaler и Milkkette.

Претходно за Mondelez се произведуваа до 12.000 тони слатки годишно, но неодамна таа бројка падна на само еден тон годишно.

Засега се знае дека повеќе нема да има производство во Австрија. Од корпорацијата велат дека нашле решение во една од европските земји што ќе го преземе производството. Куриер ги споменува Чешката Република и Полска како можни кандидати за продолжување на производството.

Некои машини се веќе продадени, а за останатото ќе се погрижи Фридрих Плаил, кој од летото е управен директор на компанијата која се бори.

Слични содржини