СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ: Сиднеј го продолжува локдаунот

од Берта Китинска
274 прегледи

Можноста за продолжена блокада во Сиднеј, Австралија, се појави денес, откако здравствените работници пријавија уште едно рекордно зголемување на бројот на нови случаи на ковид-19 оваа година, зад кои стои многу заразниот вид делта.

Австралиската држава Нов Јужен Велс денес објави дека откри 112 нови, локални случаи на ковид-19, од кои скоро сите се наоѓаат во Сиднеј, и покрај фактот дека најголемиот град во земјата влезе во третата недела на блокирање, објави Ројтерс

Вкупниот број на инфекции се приближува до 700, помалку од еден месец по откривањето на првата инфекција во средината на јуни.

Слични содржини