Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета со краток дострел кон Жолтото Море, меѓу Кина и Корејскиот полуостров, соопшти војската на Јужна Кореја, пренесува „Ројтерс“.
Лансирањето дојде откако Северна Кореја во вторникот рече дека секој потег за соборување на една од нејзините пробни проектили ќе се смета за објава на војна и ги обвини заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја за зголемените тензии.
Ким Јо Јонг, сестрата на лидерот Ким Јонг Ун, предупреди во изјавата дека Пјонгјанг ќе го сфати како „објавување војна“ доколку САД преземат воена акција против тестовите за стратешко оружје на Северот.
Таа, исто така, навести дека Северна Кореја може да истрела повеќе проектили во Тихиот Океан.
Според соопштението, проектилот бил истрелан околу 09:20 часот по средноевропско време, во близина на Нампо во Северна Кореја.
САД и Јужна Кореја најавија воена вежба позната како „Штитот на слободата“ за следната недела.