Претседателот на Републиканската народна партија на Турција, Озгур Озел, го посети во затворот градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, од каде упати силни пораки до турскиот народ, како и до претседателот Реџеп Таип Ердоган.
По посетата, Озел за медиумите изјави дека најголема тага е што во моментов се соочуваат со затвор.
„За жал, ние сме во Силиври (затвор). Се наоѓаме во 2025 година. Бевме првата партија на последните избори. Го посетивме Екрем Имамоглу, кој три пати беше избиран за градоначалник на најпознатата светска метропола. Мислеа дека ќе го победат, но не е така лесно. Не можеа да го земат предвид Сарачане (собирното место на демонстрантите). Сега цел свет ве брка. Ова е реакција на срамот што го создаде Реџеп Таип Ердоган“, рече Озел.
После тој му се обрати на Ердоган.
„Граѓаните ни ја дадоа својата поддршка. Ова му го кажувам на Ердоган, кој пука од завист. Таа фотографија влезе во историјата. Демократската револуција го погази антидемократскиот поредок на Таип Ердоган. Тој ги засрами своите гласачи. Знам дека и гласачите на АКП се срамат. Ќе продолжиме со изненадувања. Се зајакнуваме и ги плашиме“, заклучи претседателот на ЦХП.