Seat продаде над милион теренци

од Vladimir Zorba

Во првите 6 години од појавувањето на нивниот прв SUV Ateca, Seat успеа да продаде над милион теренци, а најпродаван модел е урбаниот Arona.

Теренците од година во година заземаат сè поголем удел на пазарот, па во 2021 година тие сочинуваа дури 46% од сите регистрирани возила во Европа. Во текот на 2022 година, брендот Seat ја надмина продажната граница од еден милион возила, земајќи ги предвид сите нејзини три модели, само шест години по претставувањето на својот прв SUV. Минатата година моделите Arona, Ateca и Tarraco веќе сочинуваа 49% од глобалниот промет на марката со продадени 192.100 возила.

Милионитиот теренец беше Arona, најмалиот SUV во понудата на овој производител, кој на пазарот е од 2017 година, а воедно е и најпопуларното возило, со глобална продажба од 481.585 примероци. Имајќи предвид дека Arona беше најпродаваниот модел во Шпанија во текот на 2021 година, ова е првпат теренецот да биде водечко возило на пазарот во земјата. Од дебито на моделот, речиси 98.000 возила се продадени само во Шпанија.

Следува Ateca, првиот SUV во историјата на Seat, а овој компактен SUV досега е продаден во 435.443 примероци. Веднаш до нив е моделот Tarraco. Воведен на пазарот во 2018 година, со досега продадени 88.820 единици на глобално ниво.

Слични содржини