Seat веќе нема да произведува автомобили

од Vladimir Zorba
944 прегледи

Кога на еден ќе му се раздени, на друг му се стемнува, е изрека која често може да се користи во автомобилската индустрија. Во последниот случај таа целосно открива како трендовите на пазарот ја диктираат судбината на компаниите со повеќедецениска историја. Последен пример е Seat, шпански производител кој согласно претходните најави ќе се повлече од светот на автомобилите.

Сепак, не станува збор за целосно исклучување, туку за фактот дека Seat повеќе нема да произведува автомобили (сегашните модели ќе се произведуваат до крајот на нивниот животен циклус). Ќе остане присутен во светот на личната мобилност. Можеби најдобриот опис на иднината го даде претседателот на VW, Томас Шефер. Тој накратко објасни каква е иднината на Seat: „Иднината на Seat е Cupra“. Што значи дека тој целосно ќе биде заменет со Cupra“.

И тоа е вистина, пишува „Index“. Поранешниот синоним за спортски верзии на моделите на Seat не можеше да ги спречи знаците на замор кај Seat во текот на последната деценија, па беше одлучено да се издвои како посебна марка. Тоа се случи во 2018 година, а потоа и успехот кој го изненади и самиот Volkswagen. Cupra во моментов е најбрзо растечки европски бренд. Улогата на Seat како спортски бренд стана излишна, а наследството многу успешно го презеде Cupra како претставник на спортски премиум возила во концернот.

Шефер потврди дека името на Seat нема да исчезне, туку само „му предвиделе нова улога“. Линијата на скутери Mo е првиот сигнал за тоа што да очекуваме од Seat, заедно со некои нови производи. Многумина претпоставуваат дека Seat е тој што ќе понуди конкурент на електричниот четирицикл на Stellantis, кој се продава под брендовите Citroen, Fiat и Opel.

Важно е автомобилската индустрија да остане присутна во Шпанија. Покрај тоа што новиот ID.2 ќе доаѓа од Марторело, Volkswagen потврди дека ќе инвестира 10 милијарди евра во гигафабриката за батерии што ќе се гради во Валенсија.

Слични содржини