Прорускиот гувернер на Севастополската област утринава соопшти дека украинско беспилотно летало го нападнало седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, град на украинскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.
Според руските медиуми, во нападот се повредени пет лица.
„Над штабот се појави непознат предмет. Првите информации говорат дека се работи за дрон. Во нападот се ранети пет лица, сите вработени во централата на Црното Море во флотата. Во нападот нема повредени, а на ранетите им е дадена итна помош“, напиша на „Телеграм“ гувернерот Михаил Развозаев.
Инаку, нападот се случи на Денот на руската морнарица, нападно е и седиштето на руската Црноморска флота, поради што сите најавени прослави во Севастопол се откажани „од безбедносни причини“.