Седниците на Советот на Град Скопје ќе се пренесуваат во живо

од desk2
148 прегледи

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе одлучува за набавка на техничка опрема за реализација на видео пренос во живо од седниците.

– Со ова ќе почне процесот на создавање услови за пренесување на седниците на Советот на Град Скопје во живо, активност која има за цел да ја зголеми информираноста на граѓаните за работата на ова тело, како и за зголемување на транспарентноста во работењето на Град Скопје, соопштија градските власти.  

Со оваа одлука се одобрува набавка на опрема во вид на три професионални видео камери, осветлување, компјутерска опрема и останата техничка опрема за реализација на оваа активност.

Преносите, како што се наведува, би се реализирале на официјалната веб-страница на Град Скопје, како и на официјалните страници, канали и профили на Град Скопје на социјалните мрежи и медиуми.

На денешната 15 седница на дневен ред се повеќе предлог-одлуки, меѓу кои за именување претседател и членови на Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“, за давање согласност на извештаите за работењето на јавните претпријатија чиј основач е Град Скопје… мд/