Седум членки на ЕУ повикаа на побрзо проширување кон Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Словенија и шест други земји-членки на Европската унија повикаа на побрзо проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Во соопштението иницирано од Австрија, се нагласува дека процесот е премногу бавен и дека донел премалку конкретни резултати за луѓето од Балканот, пренесе агенцијата СТА.

Тие, исто така, предупредија на нестабилност во регионот во светло на украинската војна и тензиите на Косово.

Слични содржини