За пет дена светлото на денот ќе го здогледаат мемоарите на Робин Крафорд, најдобрата пријателка на пејачката Витни Хјустон, а во кои, по години молк, конечно ќе ја открие вистината за нивниот однос.
Дека озборувањата за нивната љубовна врска се вистина, потврдила и самата Крафорд во своите мемоари, а во кои открива дека нивната врска била завршена најмногу поради стравот дека истата ќе влијае врз кариерата на Хјустон.
Во своите мемоари „A Song for You: My Life with Whitney Houston“, најдобрата пријателка и блиска соработничка го опишала нивниот прв бакнеш како „долг, топол и сладок како мед“.
„Нешто се случи меѓу нас, но никогаш не ставивме етикета дека сме лезбејки, хомосексуалки. Ги живеевме нашите животи и се надевавме дека ќе бидеме вечно заедно“, напишала во книгата Робин Крафорд која со пејачката се запознала летото 1980 година во Њу Џерси, кога и двете биле тинејџерки и работеле во летен камп.
„Да ја мазиш и да ја сакаш се чинеше како остварување на сон“ додала Крафорд и додала дека нивната љубовна врска завршила во 1982 година, кога Хјустон го започнала патот кон врвот на славата.
Иако на нивната интимна врска и дошол крајот, тоа не значи дека не останале блиски. Тие дури и живееле заедно, а Крафорд морала да ги гледа мажите кои постојано се менуваат во животот на Хјустон, како Jermaine Jackson, Eddie Murphy, па на крајот се омажила со Bobby Brown во 1992 година.
Самата Робин Крафорд на крајот и работела за својата пријателка, а со текот на годините се загрижила за проблемите на Витни со дрогата, најмногу за кокаинот кој го пробала на само 14 години. Во 2000 година, Крафорд ја донела најтешката одлука во својот живот – дала отказ. Сфатила дека мора да побегне и да се спаси самата.