Седум лица загинаа во поплавите во Тоскана

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Бројот на загинати во поплавите во италијанска Тоскана се искачи на седум, а едно лице се уште се води како исчезнато во Венето. Телото на 69-годишен маж е пронајдено во градот Кампи Бизенцио, на околу 15 километри северозападно од Фиренца, јави АНСА.

Официјални лица претходно соопштија дека шест лица загинале во поплавите по обилните дождови што почнаа доцна во четвртокот, а еден пожарникар се уште се води како исчезнат во регионот Венето.

Имаше стравувања дека реката Арно може да ја поплави Фиренца откако бурата Киран ги погоди околните градови, но тоа не се случи, објави Ројтерс.

Пред тоа, Киран донесе обилни врнежи кои предизвикаа големи поплави во Северна Ирска, делови од Велика Британија, Белгија, Холандија и Франција.

Околу 300 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во Тоскана, додека многу други го намалија снабдувањето со вода и електрична енергија, изјави во саботата претседателот на регионот, Еугенио Џани.

Џани наведе дека, според првите проценки, поплавите во Тоскана предизвикале штета од 300 милиони евра.

Италијанската влада во петокот прогласи вонредна состојба и издвои првични пет милиони евра за помош на најтешко погодените области од поплавите.

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во италијанскиот регион Емилија Ромања во мај.

Слични содржини