Гласовите во седум „неопределени“ американски држави најверојатно ќе одлучуваат за исходот на претстојните претседателски избори во САД, на кои главни кандидати се претседателот Џозеф Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп. Тоа се државите Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин.
Во анкетата спроведена заеднички од Њујорк Тајмс, Колеџот Сиена и Филаделфија Инквајер, се наведува дека Трамп води меѓу регистрираните гласачи во шест од седум држави, односно во секоја, освен во Висконсин.
Ситуацијата е малку поинаква меѓу гласачите кои сè уште не се пријавиле да гласаат, каде Бајден води во Мичиген и многу малку заостанува во Висконсин и Пенсилванија. И покрај тоа што Бајден ги освои сите овие држави на изборите во 2020 година, победите во Пенсилванија, Мичиген и Висконсин би биле доволни за победа на изборите, рачунајчи и на победата во државите кои традиционално гласааат за демократските кандидати.