Седум симптоми кои укажуваат на проблеми со срцето и кои не смеаат да се игнорираат

од Milan1
79 прегледи

Врвниот кардиологот, д-р Амит Бахаи, истакнал 7 симптоми на болести на срцето кои никогаш не треба да ги игнорираме, вклучително и потење за време на лесно вежбање, чувство на мачнина со болка во градите и претеран умор.

Д-р Бахаи, кој е специјализиран за истражување за тоа како факторите на начинот на живот влијаат на здравјето на срцето и методите за превенција, вели дека здрав возрасен човек треба да може да го задржи здивот најмалку 20 секунди.

„Често го игнорираме здравјето на срцето додека не е предоцна. За повеќето од нас не постои годишен преглед, па затоа ги игнорираме малите сигнали дека нашето срце не работи најдобро. Срцевите проблеми често прогресивно се влошуваат, сè додека еден ден не добиеме покомплициран проблем. Но, тоа би можело да се избегне доколку обрнеме внимание на предупредувачките знаци“, вели кардиологот за „Gloucestershire Live“.

Тој вели дека болестите на срцето можат да влијаат на луѓето од сите возрасти, па затоа е важно да се обрне внимание на какви било промени или симптоми. Кардиологот предупредува на 7 симптоми кои може да укажуваат на срцеви заболувања, а кои во никој случај не треба да ги игнорираме.

1. Вртоглавица при брзо станување
2. Краток здив
3. Потешкотии при свиткување
4. Палпитации (чувство на силна, забрзана или неправилна работа на срцето кое често се јавува при мирување, но и при вежбање)
5. Стегање во градите
6. Болка во раката, вратот или надлактицата, често на левата страна
7. Чувство на непријатност во градите

Доколку почувствувате било кој од овие знаци, кардиологот советува да посетите лекар.

Слични содржини