1. Нема совршен секс
Многу често девојките кои очекуваат чуда од нивните партнери, но на крај не им се исполнуваат очекувањата па, завршуваат со разочарувања, наместо реализирање на фантазиите. По тој момент тие почнуваат да се сомневаат во партнерот и во својот сексуален живот. Но, терапевтите тврдат дека е сосема во ред за време на сексот да си играте и да се забавувате и тоа што го прави односот незаборавен е целосната опуштеност во својата кожа.
2.Не е чудно ако закажете тајминг за секс
Постои општо верување дека до сексот треба да се дојде спонтано и непланирано. Но, сексуалните терапевти тврдат дека доколку чувствувате потреба за секс, не е спорно и да го закажете. Така само ќе ја разгорите вашата страст во исчекувањето на средбата, а и ќе му дадете до знаење на партнерот дека не мора да се фокусира на долгата предигра.
3. Кажете отворено што ви смета

Многу парови не се отворени помеѓу себе, бидејќи сметаат дека нивното искрено мислење ќе ја повреди другата страна. Но, доколку нешто не ви се допаѓа во сексуалниот однос, немојте да се форсирате да го правите тоа и да го премолчите вашето мислење, бидејќи на тој начин не го решавате проблемот, туку само го одложувате. Доколку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, вие мора да ги вклучите и критиките покрај пофалбите.
4. Ако страста не е огнена, не мора да значи дека ја нема
Вашиот сексуален живот постои во реалноста, па токму затоа и никогаш нема да изгледа како во филмовите. Сексуалните терапевти истакнуваат дека ако за време на сексот нема огнена страст, тоа не значи и дека станува збор за лош однос или пак, дека нема искри помеѓу вас. Вистинската страст ја чинат емоциите кои ги доживувате за време сексот, па затоа обидете се максимално да се препуштите и повеќе да уживате.

5. Да, не сте единствени кои што масттурбираат- сите го прават тоа
Ова веќе не е табу тема, покажале истражувањата на психолозите. Сексуалните терапевти тврдат дека не е срамота да правите нешто што ви создава пријатни емоции, а со самата мастурбација се зголемуваат шансите да си го подобрите животот.
