238
Шест војници и еден ветеран беа уапсени во Британија под сомнение дека извршиле кривични дела поврзани со дрога, позајмување пари и перење пари.
Британското МО соопшти дека шест војници на ирската гарда и еден ветеран биле уапсени од припадници на кралската воена полиција како дел од „планирана операција“, пренесе Би-Би-Си.
Првиот баталјон на ирската гарда треба да учествува на платинскиот јубилеј на кралицата Елизабета на 2 јуни.
Министерството за одбрана соопшти дека ниту еден војник кој е под истрага нема да може да учествува на церемонијата.
Ирската гарда е основана од кралицата Викторија во 1900 година, а гардата била распоредена во Ирак и Авганистан.