Седум загинати во два израелски напади во Газа – само неколку часа по објавувањето на прекинот на огнот

од Nikola Popovski
15 прегледи

Најмалку седум лица загинаа утрово во два израелски напади во појасот Газа, соопшти Цивилната одбрана на палестинската територија, неколку часа по објавувањето на прекинот на огнот меѓу Хамас и Израел, кој треба да стапи на сила во недела.

-Пет лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени во бомбашки напад на куќа во населбата Римал, во градот Гази, се наведува во соопштението на Цивилната одбрана.

Во центарот на Газа, две лица загинаа кога зграда беше погодена во израелски напад.

Цивилната одбрана извести за 20 смртни случаи во израелските напади во три одвоени напади синоќа, откако Катар и САД објавија дека е постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Договорот предвидува прекин на огнот почнувајќи од недела, ослободување на 33 израелски заложници во замена за илјада палестински затвореници и зголемена хуманитарна помош.

Слични содржини