ОН и светските сили ги укинаа долгогодишните санкции против Иран – услови договорени во минатогодишниот историски договор меѓу Техеран и т.н. група “5 + 1” – САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија, пишува “Ројтерс”.
Во октомври САД и ЕУ започнаа формални правни процедури за укинување на ограничувањата во денот, во кој договорите ќе влезат во сила – односно кога Иран ќе ги исполни преземените обврски.
Зеленото светло за отстранување на санкциите дојде од извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
“Ројтерс” потсетува клучните моменти од договорот и какви се последиците од неговото влегување во сила.
Пресвртот
Потпишувањето на 14 јули минатата година договор за нуклеарната програма на Иран цели во следната деценија да го продолжи од неколку месеци до најмалку година времето што теоретски е потребно на Техеран, за да произведе доволно суровини за создавање на атомска бомба.
Критичарите на договорот во Израел и во Конгресот на САД стравуваат дека штом основните ограничувања за иранската нуклеарна програма отпаднат во наредните 10-15 години, Техеран ќе може многу брзо да создаде нуклеарно оружје, ако го посака. Администрацијата на Обама објаснува дека договорот предвидува долгорочна контрола над Исламската република со цел да спречи создавање на атомска бомба.
Кои санкции против Иран се избришат
Центрифугите за збогатување ураниум
Иран треба да го намали за две третини бројот на центрифугите за збогатување на ураниум. На државата е дозволено во следните десет години да оперира со 5060 центрифуги од првата генерација во фабриката “Натанз”. Овие центрифуги ќе збогатуваат ураниум до 3.67% – ниво кое е под потребните 90% за изработка на атомска бомба.
Освен тоа Иран ќе задржи 1044 центрифуги во подземниот нуклеарен објект “Форд”, но тие нема да можат да збогатуваат ураниум. Објектот во Форд ќе биде претворен во нуклеарен, физички и технолошки центар.
Пред договорот Техеран располагаше со 20 000 центрифуги во “Натанз” и “Форд”.
Според условите на договорот Иран ќе може да врши истражувачки обиди со збогатување ураниум, но нема да има право да го складира.
Нафтените војни водат до катастрофи
Арак
Реакторите за тешка вода – како оној кој Иран беше почнал да гради во градотАрак – може да се користи за производство на плутониум за нуклеарно оружје. Во условите на договорот е запишано дека Техеран се обврзува да го преработи реакторот во Арак така што апокалиптично сценарио да биде целосно исклучено. Јадрото на реакторот во Арак беше укинато и тој беше исполнет со бетон, па местото веќе не може да функционира, објави Вашингтон во четвртокот.
Резервите на ураниум
Иран треба да ги намали резервите од збогатен ураниум од близу 10 тони до 300 кг за 15 години. Според американските власти тоа е скратување со 98%, а повторно се нагласува дека станува збор за ураниум, кој ќе е збогатен до максимум 3.67%.
На 28 декември САД соопштија дека брод кој превезувал 11 тони нискообогатен ураниум, тргнал од Иран за Русија – според условите на договорот.
Можни воени димензии на нуклеарната програма
Иран помага на МААЕ да ја комплетира својата истрага за тоа дали земјата има развиено нуклеарно оружје. Минатиот месец Управниот одбор на нуклеарната агенција ја прекина истрагата за т.н. “можни воени димензии” на нуклеарната програма на Техеран.
Кои санкции против Иран се избришат
Меѓу најсериозните промени од падот на санкциите ќе се укинувањето на ограничувањата за лица и фирми кои не се од САД, да купуваат нафта од Иран или да инвестираат во нафтениот сектор на земјата.
Ова се случува откако претходно МААЕ излезе со извештај, според кој имаше силни сомневања дека Иран има развиено нуклеарно оружје со години. Земјата секогаш ги негираше ваквите обвинувања.
Санкциите на ОН
Штом МААЕ го информира Советот за безбедност на ОН и управниот совет дека Иран ги исполнил своите обврски, сите санкции воведени со резолуции меѓу 2006 и 2010 година им се прекинати. Сепак резолуцијата усвоена на 20 јули минатата година во ОН, воведува некои ограничувања.
Иран ќе биде “повикан” 8 години да се воздржи од развивање на балистички ракети со кои може да се истрелува нуклеарно оружје. Според критичарите на договорот оваа формулација не е задолжителна за имплементација. Ембаргото за извоз на оружје ќе продолжи да дејствува уште 5 години.
Резолуцијата овозможува снабдување за Иран на технологија за балистички проектили и тешка оружја (тенкови и борбени хеликоптери) по одобрение на Советот за безбедност. САД ветија да стават вето, ако слична молба биде упатена.
Санкциите на ОН за снабдување на нуклеарна технологија на Иран за мировни цели ќе останат во сила уште 10 години.
Т.н. заедничка комисија, која ги договори условите во договорот, ќе ги решава споровите околу евентуални прекршувања на договорот. Ако земјата не е задоволна од одлуката на комисијата, ќе може да го поднесе жалба до Советот за безбедност.
Санкциите на ЕУ
По позитивниот извештај на МААЕ, ЕУ ќе ги укине наметнатите економски и финансиски санкции, вклучувајќи финансиските трансфери, банкарството, осигурителната дејност, системот SWIFT, нафтата, гасот, нафтените производи и сродните технологии, военопоморската опрема и технологија, дизајнот и креирањето на товарни бродови и танкери со нафта, пристапот до европските аеродроми, трговијата со злато, дијаманти, скапоцени камења и др.области.
Санкциите на САД
Укинувањето на санкциите на САД е поврзано со укинувањето на ограничувањата за физички и правни лица кои не се од САД, за учество во широк спектар операции со Иран. Во поголемиот дел сепак ограничувањата за Американците ќе останат во сила.
Меѓу најсериозните промени ќе се укинувањето на ограничувањата за лица и фирми кои не се од САД, да купуваат нафта од Иран или да инвестираат во нафтениот сектор на земјата.
Кои санкции против Иран се избришат
Советот за безбедност на ОН ќе може да одлучува по поплаки за кршење на договорите од страна на Иран и да ги враќа санкциите.
Меѓу другите активности кои фирмите и лицата надвор од САД, ќе можат да прават се: тргување со ирански риал, продажба на американски долари на владата на Техеран, трговија со должнички инструменти, бизнис со благородни метали, продажба на стоки и услуги за патен сектор во Исламската република и др.
Повеќето санкции на Вашингтон, осврнувајќи се на американските физички и правни лица, остануваат во сила. И така, иако банките надвор од САД ќе можат да тргуваат со Иран, на американските ова останува забрането – како директно, така и индиректно.
Сепак владата на Обама вети дека ќе им дозволи на компании, вклучувајќи и американски, да бараат лиценца за продажба на патнички и карго авиони и резервни делови на Иран, како и за увоз на ирански теписи, кавијар, ф’стаци и др. намирници во САД.
Механизам за враќање на санкциите
Тој е создаден за да ги смири стравувањата дека Иран ќе се откаже од своите обврски по укинувањето на санкциите. Механизмот предвидува итно враќање на рестрикциите, ако Техеран веќе не ги исполнува условите на договорот.
Резолуцијата од 20 јули на Советот за безбедност овозможува враќање на сите санкции на ОН, ако Исламската република го наруши договор во следните 10 години. Ако Советот добие поплака во рок од 30 дена ќе треба да гласа за резолуција за продолжување на укинувањето на санкциите. Ако не го стори тоа, рестрикциите автоматски ќе бидат наметнати повторно. Постапката не дозволува на ниту една од земјите кои имаат право на вето, да го блокираат враќањето на санкциите против Иран.



