„Сега се пакувам“: Поради ова ВИДЕО многу луѓе пишуваат дека сакаат да се преселат на Исланд

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Поради високите температури низ Македонија, но и во Европа и пошироко, многумина бараат начини да се разладат, а кога ќе видите што прави оваа Исландка, веројатно малку ќе и завидите.

Тиктокерката @liljasdiary објави видео на кое се гледа како таа скока во снегот и прави топка, облечена во топла зимска облека и со капа на главата.

„Исланд, 4 јуни. Што се случува? напиша таа покрај видеото кое собра повеќе од половина милион прегледи и бројни коментари.

@liljasdiary Its june 4th 😀 spring has been so cold not even the bugs want to live here #iceland #snow #letso #itscold ♬ CODY USED MY AUDIO AHHHHHH – james

„Во Кипар е 48°C“, напиша еден Тиктокер, а Исландката во коментарите појасни дека ова не е вообичаена појава во Исланд во овој момент и дека во јуни температурите обично се движат од 15 до 18°C.

„Што се случува во светот? Оваа снежна бура што ја имавме не е воопшто нормална“, напиша таа, а Тиктокери коментираа дека станува збор за последиците од климатските промени, но и се пошегуваа дека со задоволство би се менувале со неа.

„Сакам да одам на Исланд, сега“, „Леле, сега се пакувам за Исланд“, „Ова е местото за мене“, „Ова е рај“, „Плачам во Грција“ се дел од коментарите, а Исландката ги почести со уште едно видео на кое ја покажува како танцува на снег.

„Барем нема бубачки“, коментира таа.

Слични содржини