СЕХА Лига: Вардар рутински до победа против Војводина

од Vlatko K
99 прегледи

Екипата на Вардар забележа победа против Војводина со 33:26 (17:15) во петтото коло од регионалната СЕХА лига.

Иако играше со ослабен состав, откако одмор добија голманот Милосављев, Мораеш и Борозан, ракометарите на Роберто Гарсија Парондо покажаа стабилна игра и победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање.

Кисељов со девет погодоци беше најефикасниот ракометар во Вардар но и на теренот. Калифа Гебдан во своето деби на голот на Вардар запиша девет одбрани.

За екипата ова беше петта победа во регионалното натпреварување и останува на врвот на табелата со 15 бодови.

Следниот натпревар во СЕХА лигата, македонскиот тим го игра на 16 октомври на гости против ППД Загреб.

 

Слични содржини