Сејлор: Bitcoin нема да стигне до 0, туку до 1 милион долари

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Мајкл Сејлор, истакнат Bitcoin евангелист и извршен директор на MicroStrategy, зборуваше за Squawk Box на CNBC, коментирајќи го новиот нацрт-закон за криптовалути предложен на 7 јуни од двајца американски сенатори – Кирстен Гилибранд и Синтија Лумис – и рече зошто верува дека BTC на крајот ќе стигне до цена од 1 милион долари.

Запрашан дали очекува средството дополнително да падне и MicroStrategy да претрпи значителни загуби по огромните инвестиции во BTC, Мајкл Сејлор рече дека не верува дека водечката криптовалута ќе падне на нула.

Сејлор истакна и дека сегa кога скептиците на Bitcoin виделе дка грешат (BTC не се забранува од владите и тие бараат начини да го прифатат и регулираат), BTC сигурно нема да достигне нула. А ако не оди на нула, додаде Сејлор, тогаш ќе чини милион долари.

Шефот на MicroStrategy, исто така, рече дека Bitcoin е „очигледно подобар од златото и од сето она што златото сака да биде“.

Како два неодамнешни фактори за поддршка на Bitcoin, Сејлор го спомна говорот на министерката за финансии Џенет Јелен на Американскиот универзитет на 7 април и предлог-законот за криптовалути, претставен на 7 јуни од сенаторите Кирстен Гилибранд и Синтија Лумис. Во говорот во април, Јелен ја рецитираше легендата за мистериозниот креатор на Bitcoin, Сатоши Накамото, и објасни дека дигиталните средства се клучни за иднината на Соединетите држави.

Врз основа на нив, смета Сејлор, луѓето сега почнуваат да сфаќаат дека Bitcoin е тука да остане и неговото прифаќање се шири.

Мајкл Сејлор верува дека Bitcoin е уникатен блокчејн кој не може да се реплицира, дури и ако веднаш обезбеди 500 милијарди долари за спонзорирање на создавање на таква мрежа, која би имала исто ниво на безбедност и прифаќање.

Ова, заедно со гореспоменатите фактори, го прави Мајкл Сејлор многу оптимист за тоа каде одат работите од моменталната состојба на Bitcoin.

На крајот на март оваа година, MicroStrategy поседуваше приближно 129.000 BTC во вредност од 3.917.988.000 американски долари во времето на објавувањето.

Слични содржини