Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Димитриј Медведев, се согласи со зборовите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, дека мировните преговори меѓу Русија и Украина не треба да подразбираат исти позиции за двете страни.
„Тешко е да не се согласиме со гинекологот кој се преправа дека е шефица на ЕУ. Тетката рече дека треба да се отфрлат преговорите меѓу Русија и Украина под еднакви услови. Секако дека треба“, напиша Медведев.
Како може да се водат еднакви преговори со нацистичката држава, која е во процес на полураспаѓање под странска контрола, праша рускиот функционер.
„Можете да разговарате само со нејзините шефови. Значи, само со Вашингтон. Други соговорници едноставно нема. И тоа е само за условите на повоениот светски поредок. Иако е рано да се зборува за тоа“, напиша Медведев и заклучи дека сега не се потребни никакви преговори.
Фон дер Лејен денеска на самитот на Г7 во Јапонија изјави дека Русија и Украина не треба да имаат еднакви позиции во мировните преговори.
„Украина сака мир повеќе од се, но секако праведен мир. Мора да се отфрлат мировните преговори кои ги изедначуваат агресорот и жртвата“, нагласи таа и се заложи за мировниот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски.