Секогаш е добро да знаете: Како да пресметате колку гориво ви останало „на резерва“?

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Кога ќе се запали жолтото светло на таблата со инструменти, што сугерира дека вашето возило е на резерва, некои возачи паничат, а некои стручно ќе ја истиснат последната капка гориво од резервоарот, што сепак не го препорачуваме, бидејќи честото возење на „резерва“ може да доведе до оштетување на пумпата за гориво (не се подмачкува како што треба), а исто така и филтерот за гориво, во кој може да навлезат мали нечистотии или талог од дното на резервоарот.

Но се уште има такви кои не се откажуваат да живеат опасно, на прагот да го запалат жолтото светло и да наполнат гориво за 300 денари. Треба да бидеме искрени и да кажеме дека не живееме во економско изобилство, па многумина од нас со години не го наполниле резервоарот до врв.

Колку далеку може да оди автомобилот на резерва? Има многу мерења и истражувања, но само вие знаете колку просечно троши вашиот автомобил, а тоа е најважната информација. Се претпоставува дека во резерва остануваат околу 5 литри гориво, но точната количина ќе ја добиете на наједноставен начин. Кога ќе се активира резервата, брзо одете до бензинската пумпа, одвојте повеќе пари и наполнете го резервоарот до врвот. Одземете го тој број од капацитетот на резервоарот за гориво во фабричките податоци (на пр. 55 минус 49). Ја добивте количината на гориво што остана во резервоарот откако ќе се запали светлото. Погледнете ја просечната потрошувачка и споредете ја со количината на гориво што останува во резервоарот.

Со некои возила ќе патувате повеќе од 70 километри на резерва, со други помалку од 40 километри, а се зависи од вашиот стил на возење, дали возите во град или на автопат, каде се троши повеќе гориво или на патишта со ограничување од 80 км/ч каде што ќе бидете најекономични.

Сепак, за ваш мир и безбедност, секогаш е добро да знаете колку гориво останува во резервоарот откако ќе се запали жолтото светло…

Слични содржини