Шведската принцеза Софија и принцот Карл Филип минатата година станаа главна тема на медиумите, откако го добија третото дете. Сепак, самиот принц Карл Филип често е коментиран од обожавателите, особено на социјалните мрежи.
Иако шведското кралско семејство не е секогаш во центарот на вниманието, а светот посветува многу повеќе внимание на британското кралско семејство, се вели дека принцот Карл Филип е најзгоден од сите членови на кралските семејства.
Prince Carl-Philip of Sweden 🥵🥵 pic.twitter.com/vSXMhrQctI
— Elias (@_Elejas) September 14, 2022
Неговите фотографии од плажа, без кошула и во шорцеви за капење станаа вирални на Твитер.
Твитерџиите велат дека тој е еден од најзгодните принцови на светот.
Принцот Карл Филип и принцезата Софија се верија на 27 јуни 2014 година.
Во бракот, парот има три деца.