Љубителите на порно индустријата меѓу понежниот пол го достигнаа својот историски врв, открива студијата.
Речиси еден од четворица посетители на порносајтови е жена. Претставничките на понежниот пол претставуваат 24% од луѓето кои гледаат филмови за возрасни во најголемиот порно сајт во светот “Pornhub”. Тој се радува на 78 милијарди прегледувања. Најчесто корисничките се на возраст под 35 години.
Еден од факторите за ова е зголемената популарност на смартфоните, бидејќи статистиката покажува дека жените преферираат да ги користат смартфоните за да гледаат порно. Втората причина за растечката порно љубопитност на девојките се вика “50 нијанси на сива”. Сагата, продадена во над 125 милиони копии низ целиот свет, стана и еден од најгледаните филмови.
Понеделник е најпопуларниот ден во кој жените гледаат порно, а сабота е најмалку веројатна. Генерално мажите и жените под 35 години сочинуваат 60% од сообраќајот на сајтот. Најчесто тие гледаат по 23 часа и разгледуваат видео за просек од 10 минути.
Повеќе од еден милион Британци се оценуваат како зависници од порнографијата, а секоја трета жена признава дека исто така има проблем. Минатата недела во Велика Британија започна 24-часовна услуга за советување на лицата со зависност кон порнографијата.