Секој четвртти маж смета дека оргазмот е еднаков на заљубеност

од Vladimir Zorba
85 прегледи

download (5)

Стресот од работата, заморот и намалената самодоверба влијаат на врската, а особено на сексуалниот живот. Во таа група која  значително го намалува и доживувањето на оргазмот спаѓа и алкохолот.

Според едно британско истражување еден од шест мажи смета дека врската му е успешна ако сексуалниот живот му е погоден,  а доколку партнерката не му е компатибилна во тој критериум тогаш е спремен да ја прекине врската.

На секој четврти маж и на секоја петта жена оргазмот им е толку важен што го изедначуваат со чувството на заљубеност, покажаа резултатите од ова истражување.

images (11)

Истражување во кое биле испитани околу 3600 Британци покажало дека  16% од мажите и 10% од жените ја прекинале врската во која оргазмите биле ретки, а 39% рекле дека тоа им е многу важен фактор при одлучување за иднината на врската.

Иако 60% од испитаниците рекле дека се многу задоволни од врската, овој број се намалил за 17% кај жените кога требало да ја оценат сексуалната страна на врската.

На прашањето што најмногу им влијае на нивната способност да доживеат оргазам, заморот бил најчест одговор. Овој фактор влијаел на 20% од жените и на 23% од мажите. За жените втор најважен фактор за доживување оргазам е самодовербата, а потоа и недостаток од сексуална желба.

Стресот им влијае на 12% од мажите кои сметаат дека не успеваат со оргазмот, а алкохолот им пречи на 15% од мажите.  Секое четвртто испитано лице рекло дека понекогаш чувствува притисок да постигне оргазам, а како резултат на тој притисок 27% од мажите и 69% од жените во одреден момент одглумиле оргазам во текот на сексот.