Според британската секс експертка Трејси Кокс секој маж треба да владее 6 работи за да биде навистина добар љубовник. Не треба мажот да ги владее сите пози од Кама Сутра, туку некои лесни трикови.Ете ги и нив:
1. Тој ги знае ерогените зони на партнерот и нејзините параметри во кревет
Јасно е дека најдобар љубовник не е егоист во кревет. Брилијантен сексуален партнер ги почитува желбите на партнерот. Ако вашиот љубовник е добар, тој никогаш нема да ве тера да правите работи кои не ви се допаѓаат. Тоа е толку едноставно. Вешт љубовник исто така ја запознава добро партнерката и нејзините ерогени зони.
2. Тој се информирате добро за женската физиологија
Мажите кои се добри љубовници се трудат да натрупаат прилично заеднички секс информации. Тие се свесни дека повеќето жени имаат потреба од клиторисна стимулација, знаат како се прави орален секс. Научиле како да ги допрат со прсти интимните делови на жената. Воопшто се интересира за сите основи на секс стимулацијата – со прсти, јазик, со помош на секс играчки и т.н. И се обидува да ги совлада основните техники во кревет.
3. Тој има искуство
За жал најсигурниот знак дека еден маж е добар љубовник, е неговото богато искуство во сексот. Не е важно колку сексуални партнерки имал тој како бројка, туку колку сексуални акти се зад неговиот грб. Со други зборови, колку повеќе, толку подобро. Љубовник со богата и долга практика е повеќе од совршен.
4. Тој е отворен за искуство на нови работи
Рутински униформен секс е возбудлив за многу мал број на луѓе. Тој личи на фитнес сесија, само без облека. Главната причина поради која многу парови не пробуваат нови работи во спалната е дека едниот партнер е загрижен дека новините нема да се допаднат на другиот или дека тие ќе изгледаат нервозно или смешни во “новиот обид”. Добриот љубовник реагира на новостите во спалната со желба за забава и со зборовите “Зошто да не?”.
5. Тој може да зборува за секс без срам
Добриот љубовник умее да биде специфичен, кога го насочува партнерот во кревет и кога зборува за секс. Тој е свесен дека претставите на луѓето за “брзо”, “бавно” и “полесно” се различни. Покрај тоа, тој држи на обратната врска после секс.
6. Тој не е срамежлив
Добриот љубовник го сака своето тело, како и тоа на својата партнерка. Тој има самодоверба кога е без облека, што е секси. Дури и да не е со совршена во физикусот, тој нема да прикрива делови од своето тело под покривката што изгледа смешно.
