Откако во нивната земја беснее војна, многу Сиријки останаа сами – мажите им се или убиени или на војна, или во емиграција. Сите овие жени се наоѓаат одеднаш пред никаде, а опстанокот на децата им зависи целосно од нив- пишува DW.
Го прегрнала својот син, Нора за безброен пат се сеќава како нејзиниот маж кога за последно го бакнал детето пред да отиде на работа – и да не се врати повеќе. Нора е на 22 години, живеела е некое време во Јармук – едно веќе уништените предградија на Дамаск.
“Опасно беше да се оди на работа. Се минуваше низ цели три контролни пунктови, за да се стигне до продавница. И с повторуваше дека треба да заработуваат пари, за да можеме да преживееме. Сигурна сум дека властите го ликвидирале” раскажува младата жена.
Сопругот на Нора исчезнува на 24 јуни 2013 година, еден месец пред режимот на Асад да го подложат Јармук на брутална опсада, фатен во стапица и скирвница на гладни илјадници невини луѓе. Две години подоцна Нора успева да избега во Шати – озлогласениот бегалски камп во јужните предградија на Бејрут. Заедно со илјадници други свои сестри по судбина, Нора е принудена сама да се грижи за опстанокот на семејството.
Секоја четврта Сиријка е вдовица
Според Агенцијата за бегалци на ОН, секоја четврта Сиријка е во иста позиција, откако сопругот бил убиен или исчезнат. Овие жени се справуваат со завидна упорност. Во исто време, сепак, многу од нив се подложени на сексуално насилство, експлоатација и угнетување.
Ренди Хадад работи за една либанска организација за човекови права, им помага жените во бегалските кампови. Таа раскажува дека вдовиците жени кои почнуваат со работа, стануваат лесна жртва на сексуално малтретирање, особено ако работодавачот разбере дека немаат ни татко, ни маж или брат, кој да ги чува.
Путин и Трамп “играат” заедно против Хилари Клинтон
По пристигнувањето во Либан, Нора во почетокот работела во фабрика за производство на јогурт и сирење, но наскоро ја напуштила поради односот на мажите. “Континуирано ме погледнуваа. Ужасно се плашев, бидејќи имав чувство дека секој момент ќе ме нападнат”, раскажува таа.
Ако ја силувале, Нора дури немаше да може да побара помош од властите – поради нејасниот нејзин правен статус. Повеќето сириски бегалци во Либан живеат без документи, речиси во илегала, бидејќи барањата за продолжување на визите се строги, дури премногу високи. Дел од вработените жени лажат дека имаат сопруг дома – само и само да се заштитат од напади.
Кога семејството ќе остане без татко, често пати се појавуваат и силни внатрешни тензии, бидејќи во оваа патријархална традиција распределбата на улогите меѓу половите е многу силно изразена. Ренди Хадад раскажува дека во некои такви разнишани семејства најстариот син се чувствува под силен притисок да ја преземе улогата на таткото, а тоа понекогаш доведува до насилство над жените, кои “треба” да се стават под контрола. “Имаме случаи кога момчињата почнуваат да ја тепаат својата мајка, бидејќи сметаат дека тоа е начинот да ја преземе улогата на мажот во семејството”, раскажува Хадад.
Жените кои се принудени да работат, се загрижени и од друго: дека ќе ја изгубат својата “женственост” како резултат на постојаните грижи и депресии. Некои од нив освен тоа гладуваат, за да има доволно храна за нивните деца. А најтешко е состојбата на оние жени кои не можат да работат. Тие понекогаш прибегнуваат кон очајни мерки.
Ролни Ел-Масри од една либанска хуманитарна организација која се бори против насилството над жените, раскажува дека многу вдовици ги праќаат неполнолетните деца да работат или директно ги продаваат своите ќерки за брак со богатите кандидати, за да добијат мираз. Во овој регион раните бракови се и без друго вообичаена практика, особено во крајно сиромашните домаќинства.
“Без него ми е ужасно празно”
Ум Нада, 43-годишна палестинка од Сирија, пристигнала во Либан со трите ќерки, раскажува дека веќе им откажала на седуммина мажи кои во изминатите две години нуделе да се оженаѕ за 15-годишната нејзината ќерка. Социјалниот работник Манар ја познава Ум Нада и раскажува дека таа не само што заработуваа за семејството, но и се обидува да јас задржи емоционалната врска со трите девојки: “Таа им е и татко, и мајка, и сестра, и најдобра пријателка. Таа им е сè “, споделува Манар.
Повеќето жени сепак брзо дошле до заклучок дека е речиси невозможно сами да го обезбедуваат целото семејство. Некои дури се гледаат принудени на проституција. Но независно од сиромаштијата, експлоатацијата и насилството, за сите овие жени најболна останува загубата на сопругот или дете. Нора ја покажува раката и објаснува дека го продала свадбениот прстен за 100 долари, за да го нахрани својот син. Веќе не постои ништо за спомен од времињата пред војната. Затворена во темнината на домот, таа често му раскажува на својот син приказни за неговиот татко и за некогаш раздвиженото соседството Јармук. “Без него ми е ужасно празно”, вели Нора. “И се сеќавам како своевремено си поигрувал со нивното бебе.”

