Во Германија денес живеат повеќе имигранти од кога било досега. Според најновите податоци објавени од Федералниот завод за статистика, во 2024 година дури 21,2 милиони луѓе, или 25,6 проценти од вкупното население, се од имигрантско потекло. Ова значи дека речиси секој четврти жител на Германија има имигрантски корени — било лично да се доселил во земјата, или пак е дете на родители кои имигрирале по 1950 година.
Од вкупниот број, 16,1 милиони луѓе се имигранти кои лично се преселиле во Германија, што претставува речиси секое петто лице во земјата. Особено висок е уделот на граѓани со имигрантско потекло во возрасната група од 20 до 39 години, каде што тие сочинуваат дури 34 проценти од населението. Најмногу луѓе во последните години пристигнале од Сирија и Украина, но и од Турција, Романија и Полска. Што се однесува до Хрватска, на крајот од 2024 година, во Германија постојано живееле 425.810 хрватски државјани, што претставува благо намалување во однос на 2023 година, кога таа бројка изнесуваше 434.045.
За споредба, пред Хрватска да стане членка на Европската Унија, во Германија живееле околу 220.000 хрватски граѓани — бројка која се има скоро удвоено по пристапувањето во ЕУ. Овие податоци покажуваат дека Германија сè повеќе станува мултикултурно општество, каде имигрантите играат значајна улога во секојдневниот живот, работната сила и општествениот развој.