Стапката на невработеност во Европската унија беше 7,5 проценти во февруари 2021 година, исто како и во јануари, додека во споредба со февруари минатата година таа се зголеми од 6,5 проценти, според сезонски прилагодените податоци, објави денеска Европското биро за статистика Евростат.
Во еврозоната, сезонски прилагодената стапка на невработеност остана стабилна на 8,3 проценти на месечно ниво во февруари, но се зголеми за 1,0 проценти во споредба со февруари минатата година, кога беше 7,3 проценти.
Според проценките на Евростат, 15,95 милиони мажи и жени биле без работа во ЕУ во февруари, од кои 13,57 милиони биле во еврозоната.
Во споредба со јануари, бројот на невработени во ЕУ се зголеми за 34 000 во февруари и за 48 000 во еврозоната. Во споредба со февруари 2020 година, невработеноста се зголеми за 1,92 милиони луѓе во ЕУ и за 1,50 милиони во еврозоната. Покажуваат објавените податоци на веб-страницата на Евростат.