Секојдневните нешта кои се забранети во некои делови од светот

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Комбинацијата од политички фактори, култури, религии, но и како превенција за здравствената состојба на населението доведе до забрана на следните работи во некој делови од светот.4482053

– Во Русија се забранети француските сирења – Како одговор на наметнатите од западните земји санкции во врска со украинската криза, во август 2014 година руските власти забранија увоз на одредени стоки, меѓу кои и француски сирења од Европската унија, САД и други западни земји

-Во Канада се забранети детските “дубачиња“ – За време на истражувањето направено од канадски научници во 2004 г е утврдено дека детските проодувачи не се корисни за децата. Поголемата подвижност на детето може да предизвика најразлични повреди на главата, коските, може да дојде дури и до смртни случаи.

– Во Иран се забранети статуи од жени за витрините – При растечкото влијание на Западот во 2009 година Иран забрани да се ставаат во витрините манекенки со извајани форми и особено ако не носат хиџаб.

– Во Северна Кореја се забранети фармерките – фармерките се сметаат за симбол на САД и од оваа причина носењето се смета за нелегално.

– Во САД се забранети чоколадните јајцата Киндер – Во познатиот деликатес се крие детска играчка и од гледна точка на безбедност тие се забрануваат во САД. Се смета дека малите би можеле со нив да се задават.

– Во Сингапур ги забрануваат гумите за џвакање – Во Сингапур никогаш не било забрането да се џвака мастика, но поради тешкото отстранување од улиците, од 1992 година увозот и продажбата на гуми за џвакање е забранет.

– Во Тајланд е забранет филмот “Ана и кралот” – Филмот е забранет поради тоа што во него се навредува тајландската монархија и не се претставува вистинската историја на земјата.

– Во Саудиска Арабија се забранети маските – Во 2013 година Саудиска Арабија се забрани увозот и продажбата на маски со ликот на Гај Фокс, кој е протагонист во филмот “V for Vendetta”. Денес законот важи за сите маски.