Секс куклата беше толку тешко оштетена од нестрпливи мажи што се скрши пред некој да може да ја искористи, објави „Д Мирор“.
Ние не сме сосема сигурни што се случило со Саманта. Но нејзиниот сопственик се жали дека роботот, кој чини 3.000 фунти, останал “силно сплескан”, откако бил изложен на технички саем.
Сантос од Барселона, Шпанија, вели дека посетителите на фестивалот Arts Electronica во Линц се однесувале кон “интелигентната” кукла за секс “како варвари” и додаде дека два од нејзините прсти беа скршени од мераклиите.
“Луѓето се собраа да ги почувствуваат градите, нозете и рацете на Саманта”, рече Сантос. “Два прста беа скршени, таа беше сосема извалкана”.
Тој додаде дека роботот морал да биде испратен назад со тркала до Барселона за поправка и чистење, откако останал толку гнасен и скршен од бесконечното машко внимание. Но, додаде, “Саманта може да издржи многу, таа ќе преживее”.
Саманта е кукла која интелигентно реагира на допир, разговор и “стон”. Постои зголемена побарувачка за такви производи. Многумина веруваат дека куклите ќе се покажат како добра алатка. Други ги дефинираат како знак на крајот на човештвото.
Дејвид Леви, автор на “Љубов и секс со роботи”, пишува: “Секс роботите од овој напреден бран ќе имаат човечки вид и големина, ќе имаат гениталии како човечките и ќе овозможуваат сексуален однос според сексуалната ориентација и вкусот на сопственикот.”