Ако сакате да имате секс секој ден, веројатно се прашувате дали ова е нормална појава. Еве што велат експертите за оваа тема:
Дали е во ред да имате секс секој ден?
Гледано од аспект на здравјето, физичко и ментално – ДА. Бројни сексолози се согласуваат дека доволен број физички контакти, а сексот е секако еден од нив, може да биде најдобрата алатка за личен раст.
Кој е најдобриот вид на секс?
Терминот вистински секс значи секаков вид на задоволство што не предизвикува физичка непријатност. Ако сексот што го практикувате секој ден е задоволство на сите полиња, нема причина да се откажете од него.
Дали секојдневниот секс креира одредени проблеми?
Ако во текот на денот (мислиме на секој ден) имате, покрај сексот, време и за сите други обврски, тоа значи дека времето одвоено за сексот не ви е важно. Ако не ве исцрпи физички, како и психички и ако сте подобро расположени и посреќни после тоа, зошто да не, продолжете да го правите тоа.
Дали е нормално да се има секс секој ден?
Секоја врска е различна. А, фактот дека сексолозите се запознати со оваа тема, значи дека не е толку редок случај како што може да ви се чини. Ако и двајцата партнери се заинтересирани за оваа активност, тогаш тоа е секако нормално. Од секс секој ден, до секс еднаш месечно. Сето ова влегува во „нормално“ кога станува збор за интимност. Всушност, нема одредена фреквенција кога станува збор за сексот.
Потребни ли се некои мерки на претпазливост за секојдневен секс?
Секако. Ако не користите друга заштита, кондомите се дефинитивно нешто што треба да ви биде на дофат на раката, освен ако не планирате да забремените. Исто така, сексот од ден на ден може да биде премногу интензивен за вашите интимни делови, затоа проверете дали користите лубриканти.
Кога треба да се избегнува секојдневен секс?
Во секој случај, потребно е да се направи пауза за време на менструалниот циклус. Исто така, доколку има иритации во областа на интимниот регион, треба да се воздржите од милување со вашиот партнер. Ризична бременост е исто така еден од случаите кога не треба да се занимавате со интензивни сексуални активности. Покрај тоа, секогаш кога телото и умот не се подготвени за ваква нежност, сексот треба да се избегнува.