Секс скандали, медали и крвави книги- со што биле опседнати светските лидери?

од desk4
153 прегледи

Освен што управувањето со државата влијае на егото и ставот, тоа влијае и на развивање опсесија. Кога имаат власт во рацете, нивните хирови растат.

images

 

Некои политичари ги почнале нивните кариери како многу повлечени и скромни личности, со цел да дојдат до политичката моќ. Најчесто имаат план да остават траг во историјата на својата држава, но пропратно ретко кој од нив останал со чист образ и нормален ум.

Силвио Берлускони

house3_2560880b

Овој 78 годишник кој три пати беше на премиерската функција на Италија, медиумски тајкун и бизнис магнат падна од власта во 2013-та година кога е прогласен за виновен за плаќање на сексуални услуги на малолетна проститутка. Сопственикот на Медиа сет и А.С Милано долго време беше поврзуван со италијанската мафија.  Еден од најголемите негови разврати е скандалот кога на журка бил фатен со 20 девојки кои играле стриптиз голи.  Секс скандалот со мароканската стомачна танчерка го чинеше власт, а претходно на неа потрошил пет милиони долари.

Леонид Брежњев

brezhn-ev

На местото на генералниот секретар на Централен комитет на СССР бил од 1964 до 1982 година. Во историјата е запишан како политичар кој бил во состојба да ги смени своите соработници ако не го делат мислењето дека е гение. Од друга страна уживал во симболи, поготово во медали. Одликуван е често пати и без повод. Дури и  100 пати.

Садам Хусеин

Saddam-Hussein

Садам владееше со  Ирак 30 години грижливо градејќи култ на личноста. Безброј портретии статуи се подигнати во негова чест. Постои и приказна за „Крвавиот Куран“ кој бил напишан за 60-от роденден на Садам и преку овој чин тој му се заблагодари на Бог бидејќи му овозоможил да ги преживее сите опасности. Според некои шпекулации, за пишувањето на оваа книга Садам донирал дури 27 литри крв.

Јосиф Сталин

Joseph-Stalin-1949-250x150

Најголемиот тиранин на СССР, кој владеел од 1925 до 1953 година е одговорен за смртта на милиони луѓе. Позицијата на неприкосновен лидер ја одржувал со помош на заплашувања. Многумина можеле да учат од него за градење на култ на личноста.

Николае Чаушеску

nicolae-ceausescu_1682818c

Заедно со неговата сопруга, Чаушеску после 30 години владеење бил уапсен и осуден на смрт. Себеси се прогласил за Генијот на Карпатите, па поради тоа наложил да му се изгради жезол кој се користи во церемонијата на крунисување.

Моамер Гадафи

gaddafi09

Либискиот револуционер и политичар, покрај големата желба да владее, бил многу воздржан во јавноста. Тој го привлекувал вниманието со екстравагантната облека. Сликата на сериозен, семеен човек ја нарушувале гласините за оргии во неговиот логор во близина на Триполи. Токму Гадафи бил иконата на која се угледувал Силвио Берлускони,  се шпекулираше еден период во јавноста.