СЕКС ТРЕНДОВИ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Каква ќе биде интимата во 2021 година?

од Nikola Popovski
496 прегледи

Минатата година, за повеќето, беше една од најтешките. Пандемијата во голема мера ги промени нашите животи. Почнувајќи од фактот дека поголемиот дел од времето го поминувавме дома.

Целата ситуација, логично, влијаеше и на нашите сексуални животи, а еве што велат експертите за тоа како ќе изгледа сексот во новата година и што ќе се промени. Тиоми Морган, експертка за секс, посочува три трендови што ќе бидат најзначајни:

Мастурбација

Карантинот и инсистирањето на физичко и социјално дистанцирање ги натера луѓето да уживаат „со свои раце“, буквално.

„Мастурбацијата е најбезбеден начин да се задоволиш, особено ако треба да се дистанцираш од партнерот“, вели Морган.

„За жените е многу важно на овој начин да го решат проблемот со постигнување оргазам за време на класичен пенетрационен секс. Оргазмот го подобрува нашето здравје на многу начини, од зајакнување на имунитетот до производство на хормони на среќа. Затоа мастурбацијата е многу важна“, наведува Тиоми Морган.

Секс играчки

„Верувам дека луѓето ќе купат секс играчки оваа година повеќе од кога било досега. Многу парови се присилно одделени едни од други поради вирусот, а жените кои претходно се потпираа на својот партнер, кој е „задолжен“ да им обезбеди задоволство, сега ќе се обидат да се грижат за сопственото сексуално задоволство“, убедена е Тиоми.

Виртуелен секс

„Потребата од збогатување на сексуалниот живот и проширување на знаењето, како и сите ограничувања наметнати од пандемијата, принудија огромен број луѓе да се обратат на Интернет и виртуелниот секс. Се повеќе луѓе ќе се свртат кон дигиталниот секс со своите партнери и ќе се обидат на тој начин да го збогатат својот сексуален живот.

„Едноставно, љубовниците треба да се прилагодат на новата нормалност“, заклучи Морган.

Слични содржини