Секс во вселената? Њутн не дозволува

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Експерти од НАСА изјавија дека да се има секс во вселената воопшто не е едноставна работа. Научниците од американската вселенска агенција објаснуваат дека вселенската љубов е спречена од многу фактори. Најтешка и незаобиколива е гравитацијата. Обидите за занемарувањето на овој фактор се придружени со симптоми на морска болест.

Да не зборуваме дека во отсуство на гравитација доста невини работи од сексот како бакнеж на пример, е тешко изводливо нешто.

Американскиот астрофизичар и популаризатор на науката Нил Тајсон објасни дека основниот проблем пред оние кои сакаат да влезат во клубот на вселенските љубовници е Третиот закон на Њутн, кој гласи дека секоја акција има еднаква големина и спротивно од правецот спротивставување.

Така секој обид за интимен контакт ќе доведе до забрзано движење на телото на партнерот наназад додека не се удри во ѕидот на вселенскиот брод.