114
Убавата скејтбордистка Летиција Буфони е страстна обожавателка на фудбалот. Родена во Бразил, таа ја обожава играта и не крие дека дури и ја игра.
„Играм фудбал откако проодев. Ова е сосема нормално во мојата татковина“, вели Летиција.
“Кога имав 9 години бев освоена од скејтборд модата. За мене беше интересно, брзо напредував“, споделува Буфони.
„Иако се посветив на овој спорт, фудбалот никогаш не излезе од мојот живот. Имам топки насекаде – дома, во автомобил … и играм каде што е можно“, додава убавицата.