
Ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ Ким Катрал рече дека една од причините да нема деца е презафатениот распоред со снимањето на серијата, соопштија американските медиуми.
Во интервју за британската телевизија Ај-Ти-Ви 61-годишната актерка рече дека одлучила да не се подложува на третман за забременување додека се снима серијата, бидејќи таа не можела да се справува со 19-часовниот работен ден, а притоа и со одгледување дете. Тоа било тогаш во раните нејзини 40-ти години.
Катрал призна дека никогаш не била пријателка со останатите три актерки во главните улоги – Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон.
Таа, исто така, изјави дека одбила да учествува во третиот долгометражен филм „Сексот и градот“ и повеќе нема да ја глуми улогата на Саманта Џонс.