Научниците повторно ги урнаа стереотипите во љубовните односи, откако новото истражување откри дека посилниот пол верува во теоријата дека за убавиот секс е важно да има љубов.
Истражувањето со учество на 6.000 луѓе открило дека на жените не им требаат чувства, за да имаат убав секс. За мажите, пак, е токму спротивното. Излегува дека за да се задоволни во спалната соба, момчињата треба да се заљубени во партнерката. За разлика од нив недостатокот на љубов не влијае на физичкото задоволство на понежниот пол.
Секој втор маж признава дека за да биде интимен во вистинска смисла на зборот треба емоционална приврзаност. Истото го одговараат само 39% од спротивниот пол.
Податоците го менуваат досегашниот стереотип што раководи со двата пола при изборот на партнер.