Сексуални напади има и во бегалските кампови на Германија. Условите таму се спартански – често нема одделни спални и одделни тоалети за жени, што создава идеални услови за насилства. Што се менува сега?- анализра DW.
“Треба повеќе внимателно да се погледне во она што се случува во бегалските центри”, рече министерката за проблемите на семејството и млади Мануела Швезиг. Многу често засолништата се преполни, мажи и жени спијат во истата просторија и користат заеднички тоалети. Се почесто се зборува и за сексуални напади врз жени и девојки, а тие сочинуваат една третина од сите бегалци кои пристигнаа во Германија.
Мануела Швезиг не е во состојба да каже колку сексуални напади над жени се вршат во бегалските кампови, но: “секој еден – е едно во повеќето”, рече таа во Берлин и додаде дека досега не е обрнато доволно внимание на специфичните потреби на жените : “Овие жени избегале од војната, од теророт и угнетувањето. Многу од нив преживеале насилство и за време на своето бегство. Овие жени имаат потреба од нашата заштита”, рече таа.
Во бегалските засолништа треба да има одделни простории за жените, одделни санитарни јазли, како и посебни простории за мајки со деца. Федералната влада во март ќе додели 200 милиони евра, со кои ќе се подобри ситуацијата на жените во бегалските кампови.
Предвидено е покрај тоа сите кои помагаат на бегалците во логорите, во иднина да достават и доказ за криминално досие. Тоа значи дека до бегалците и нивните деца нема да се прифаќаат од луѓе кои извршиле сексуални злосторства. Мануела Швезиг нагласува дека персоналот во бегалските домови треба да биде специјално обучен и да манифестира засилена чувствителност во однос на сексуалните напади.
Жени кои биле нападнати и подложени на сексуално вознемирување во бегалските кампови, често не знаат кому да се обратат за помош. Полномонничката на германската влада за прашањата на интеграцијата Ајдин Јозогуз објави дека властите во Германија ќе сторат се што е можно за да се подобри ситуацијата во таа насока.
Саркози: Во Сирија се води Трета светска војна, да ги избришеме од лицето на земјата овие дивјаци
Еднаквоста – приоритетна тема
“Ова е многу чувствителна тема, поврзана и со културните традиции на бегалките”, рече таа. Веќе постои деноноќна телефонска линија, која е не располагање на жените жртви на сексуално насилство. Таму тие можат да добијат совети од специјалисти на 15 различни јазици. Слични информации наскоро ќе бидат дистрибуирани и низ бегалските домови.
Мануела Швезиг инсистира темата за рамноправноста на мажите и жените да се гледа и во интеграциските курсеви за бегалци. “За сите мажи е важно да знаат дека токму рамноправноста меѓу половите зазема приоритетно место во нашиот систем на вредности”, нагласува германската социјалдемократката.
Директорката на германскиот Институт за човекови права Беата Рудолф додава дека не станува збор да се спротивстават “нашите” вредности на “странските” – рамноправноста меѓу половите припаѓа на универзалните човекови права.

