“Сексуалните напади во Келн” – почеток на крајот на Меркел?

од desk3
83 прегледи

Сексуалните напади во Келн ги заострија европските спорови за бегалците до крајност. Особено источните гледаат во овие злосторства доказ за исправноста на своите политики. За Меркел исто така ќе има последици-пишува DW.

0,,18956103_303,00

Драматичната новогодишната ноќ во Келн е нешто како разводник – по масовните испади на бегалци и неславниот неуспех на полицијата стана апсолутно невозможно да се постигне некаков разумен договор за распределба на бегалците во земјите од ЕУ.

Секс-нападите во Келн предизвикаа огромен одек, особено во Источна Европа. Реакциите од Полска, Чешка, Унгарија и Словачка се јасни: “Бегалците, а најмногу муслиманите, се опасни! Ние предупредувававме, но Меркел не сакаше да не чуе “, велат таму.

 
Словачка – лидер на отпорот против Меркел

Ангела Меркел ќе треба да се прости со својот сон за трајно решение на проблемот со бегалците, вклучувајќи и врз основа на доброволни обврски. Словачкиот премиер Роберт Фицо не сака да дозволи во земјата никакви бегалци-муслимани. Тој се бори со сите средства против присилната распределба на бегалци и баратели на азил. Веќе е поднесена тужба пред Европскиот суд. Злосторствата од Келн, Хамбург, Штутгарт, а како што се разбра во меѓувреме – и од Хелсинки – се добредојдени аргументи за популиста Фицо.

Оваа 16-годишна девојка била силувана 43 200 пати!

Чешкиот претседател, новата конзервативна влада во Полска, унгарскиот премиер, а и други во Источна и Југоисточна Европа на драго срце ќе го поддржат словачкиот премиер. И не само тие. Десниот популист Герт Вилдерс во Холандија одамна ги кочи европските имиграциски политики. А премиерот Марк Руте, кој претседаваше Советот на ЕУ, паѓа под растечки притисок.

Сликата не е поразлична и во други земји. Во Данска, Шведска, Финска, а и во Германија се зголемува притисокот над владите. Кандидатот на републиканците за претседател на САД Доналд Трамп дури ги искористи настаните во Келн за својата предизборна борба: “Германија ќе биде масовно нападната од бегалците кои сама ги пушта на својата земја”, напиша тој на Твитер. Самиот Трамп сака да ги затвори границите на Америка.

Внатрешнополитички притисок против Меркел

Деснопопулистичката партија “Алтернатива за Германија” и други ксенофобични движења кои се против исламизацијата, сега доживуваат процут. Бројот на вандалски напади врз засолништа за бегалци во Германија никогаш не е поголем од сега. Канцеларката е изложена на зголемен внатрешнополитички притисок. А по настаните во Келн се појави и крајот на паневропските имиграциски политики.

Прашањето за распределбата на бегалците во сите земји од Шенген зоната има клучно значење за европската имиграциска политика. Ако не постои регулатива за распределба на бегалците, држави како Грција и Италија ќе продолжат да ги пропуштаат без никаква контрола кон внатрешноста на Европа. Ниту една држава по трнливиот Балкански пат нема да ги запре, ниту да ги прифати на своја територија. Бегалците ќе продолжуваат да пристигнуваат во Германија. Затоа нема да има никакво “сериозно намалување на мигрантите”, кои влегуваат во Германија – ветување што Меркел го даде на коалициските партнери од ЦСУ. Канцеларката веќе не може да смета и на никаква европска солидарност.
Мнозинството во ЕУ е против Меркел

Барем до месец март Роберт Фицо нема да отстапи ни трошка од тврдиот курс, бидејќи сака да биде реизбран за премиер на Словачка. А од јуни тој би требало да го преземе и ротирачкото претседателство на ЕУ. Во оваа улога Фицо би требало да посредува за постигнување на компромис во европските имиграциски политики. Но, тоа се лажни надежи, бидејќи Словачка веќе поднесе жалба до Европскиот суд против сегашната имиграциска политика на заедницата.

Многу држави и влади во меѓувреме ја сметаат за погрешна бегалската политика на германската канцеларка. Најверојатно ќе треба да го промени позициите, а можеби дури и да поднесе оставка.

Потресните настани од Келн ја направија и бездруго тешката ситуација на ЕУ директно безизлезна. Тие можат да го одбележат и почетокот на крајот на влијателната досега Ангела Меркел.