Извештај за полов напад и сексуално малтретирање над повеќе од 20 лица во одредени високообразовни институции во БиХ е доставен до Обвинителството на Босна и Херцеговина.
Врз основа на горенаведениот извештај, формиран е случај во Обвинителството на БиХ и ќе се извршат детални проверки.
„Во интерес на заштита на повредените, во овој момент не можеме да дадеме повеќе детали“, соопштиле од Обвинителството на БиХ.
Овој случај доаѓа откако Мирослав Алексиќ, учител по глума во познато училиште за деца во Белград, неодамна беше јавно обвинет од актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ за сексуална злоупотреба, заедно со други девојки кои не сакаа да се појавуваат во јавноста додека голем број на познати лица јавно ги поддржуваа.
На Алексиќ му беше одреден притвор во траење до 30 дена, а Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ сведочеа во Вишото јавно обвинителство во Белград.
После тоа, темата стана актуелна во регионот, а емисијата Црвена линија неодамна беше посветена на тоа: