Села: Без разлика во Владата или надвор од неа, ќе го поддржиме Заев

од desk3
169 прегледи

Лидерот на ДР-ДПА и претставник на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во вечерашното интервју за телевизијата Алсат, вели без разлика дали тие ќе влезат во новата влада или не, ќе му дадат целосна поддршка на мандатарот Зоран Заев да раководи со државата.

Како што вели Села, разговори веќе имало помеѓу работните групи, како и помеѓу лидерите на партиите за составот на новата влада, но немаат одлучено се уште за поделбата на ресорите.

Сепак, Зијадин Села рече, време е за промени, и кога ќе се гласа новата Влада тие ќе му ја дадат поддршката на Заев во Собранието.

Во делот на владината програма, тој рече дека инкорпорирани се предизборните ветувања на Алијансата на Албанците кои ќе придонесат за подобар живот не само за Албанците, туку за сите граѓани кои живеат во Македонија и дека околу тоа имаат согласност со мандатарот.

Во однос на прашањето како тој би седнал во иста влада со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кого претходно го критикувал, лидерот на ДР-ДПА рече дека не сака да продава морал, но дека како пратеник ќе бара од сите пратеници, министри, премиер или претседател, да се откаже од својот имунитет ако за него има покренато било каква истрага за криминал.